Линкови за пристапност

Реформата на здравствената заштита во САД наводно ќе чини еден трилион долари


Според извештај на независно сметководно тело на американскиот Конгрес, предложената реформа на системот на здравствена заштита во текот на една деценија ќе чини околу еден трилион долари.

Конгресната канцеларија за буџет во понеделникот соопшти дека предлог-законот на оваа тема, спонзориран од демократските сенатори Едвард Кенеди и Кристофер Дод ќе помогне околу 39 милиони Американци да добијат здравствена заштита. Меѓутоа, ова тело наведува и дека со новите измени, 15 милиони луѓе кои имаат здравствено осигурување преку својот работодавец, би го загубиле истото, додека осигурувањето од други извори би опаднало за околу осум милиони. Канцеларијата пресметува дека вкупното намалување на бројот на неосигурани Американци би било само за 16 до 17 милиони лица. Според проценките, во моментов без осигурување се околу 46 милиони Американци.

Конгресното тело наведува и дека податоците се базирани на некомплетна верзија на предлог-законот за обнова на системот за здравствена заштита во САД.

XS
SM
MD
LG