Линкови за пристапност

Обама: Нуклеарно вооружена Северна Кореја е сериозна закана


Американскиот претседател Барак Обама вели дека програмите за нуклеарно оружје и проектили на Северна Кореја се „сериозна закана“.

Тој и јужнокорејскиот претседател ја повторија заложбата за денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

По средбата во Белата куќа, Обама и јужнокорејскиот претседател Ли Мунг-Бак повикаа на енергично спроведување на санкциите од Советот за безбедност на ОН врз Северна Кореја.

Обама рече дека сите релевантни нации ќе дискутираат во следните месеци како да бидат зајакнати санкциите.

Тој рече дека нуклеарно-вооружената Северна Кореја би била закана за САД и светската безбедност и потсети на „воинственото“однесувањето на Пјонгјанг во минатото, како постојана закана за соседите.

Ли и Обама се согласија дека под „никакви услови“, меѓународната заедница не треба да и дозволи на Северна Кореја да поседува нуклеарно оружје.

Советот за безбедност на ОН во петокот ги зајакна санкциите врз Северна Кореја поради нуклеарниот тест од минатиот месец.

XS
SM
MD
LG