Американскиот претседател Барак Обама вели дека е загрижен за ситуацијата во Иран, особено откако вооружено лице убило протестант на големиот анти-владин собир во Техеран во понеделникот.
Зборувајќи пред новинарите во Белата куќа доцна во понеделникот, Обама кажа дека би било погрешно да се остане нем по прашањето на пост-изборното насилство и наводи за нерегуларности за време на претседателските избори од петокот. Тој исто така рече дека е на Иран да ги одреди своите лидери и додаде дека никаква истрага во изборните резултати не смее да заврши со крвопролевање.Гледачите на Персискиот сервис на Гласот на Америка го преплавија сервисот со видео материјал, слики, пораки по електронска пошта и телефонски повици со информации од Иран. Гласот на Америка емитуваше некои од тие слики и видео. Многу од нив покажуваат протестанти кои плескаат и извикуваат пароли, но и многумина со маски на лицето за да го сокријат идентитетот.
Обама кажа дека би сакал протестантите да знаат дека светот гледа и дека е инспириран од нивното учество.