Линкови за пристапност

Државните медиуми најавуваат делумно пребројување на гласовите во Иран


Иранските државни медиуми известуваат дека иранскиот Заштитнички совет е подготвен да ги преброи гласовите во спорните гласачки кутии од петочните претседателски избори.

Вестите за делумното пребројување на гласовите дојдоа по тридневни напати насилнички демонстрации во Техеран, при што протестантите ја осудија, како што тврдат, наместената изборна победа на претседателот Махмуд Ахмадинеџад.

Врховниот лидер на Иран, Ајатолахот Али Каменеи, побара од моќниот Заштитнички совет на исламски свештеници да ги испита наводите за местење на изборите.

Но, поразениот реформистички претседателски кандидат Мир Хосеин Моусави издаде уште поширок апел -- го повика Советот да ги поништи изборните резултати.

Ахмадинеџад вели дека изборите биле слободни и чесни.

Демонстрантите од двете страни, оние кои го поддржуваат Ахмадинеџад и и оние кои се со опозицијата, планираат собири на истиот плоштад во Техеран и за вторник.

Соработник на Моусави вели дека поранешниот премиер ги поттикнува симпатизерите да не присуствуваат во обид да се избегне насилство, додавајќи дека тој исто така нема да биде таму.

Собирот што е про-Ахмадинеџад треба да започне барем еден час пред собирот на опозицијата.


Иранските претставници поставија ограничувања за странските медиуми пред собирите.

Иранската државна телевизија кажа дека најмалку седум лица биле убиени во понеделникот во близина на местото на масовен про-опозициски собир во Техеран кога демонстрантите наводно се обиделе да нападнат армиски пункт.

Има извештаи и за повеќемина повредени кога неидентификувано наоружано лице пукало во толпата на зајдисонце по мирен собир.


Стотици илјади лица излегоа на улиците во главниот град во понеделникот да го видат и слушнат поранешниот премиер Моусави. Тој пред собраните кажа дека народот сака да го брани својот глас и своите права.

XS
SM
MD
LG