Линкови за пристапност

Бан го поттикнува Иран за ја почитува волјата на народот


Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ги поттикнува иранските лидери да ја почитуваат волјата на народот додека се испитуваат наводите за нечесни избори.

Бан зборуваше во понеделник во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Ова беше негов прв јавен коментар по проблематичните резултати на петочните избори според кои конзервативниот актуелен претседател Махмуд Ахмадинеџад победил со големо мнозинство.

Од средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург објавено е соопштение со кое се поттикнува Иран да ги испита поплаките во врска со изведувањето на изборите, поднесени од противниците на Ахмадинеџад.

Дипломати од ЕУ исто така изразија „сериозна загриженост“ за иранската употреба на сила против реформистите кои протестираат поради победата на Ахмединеџад. Тие го поттикнаа Иран да ја почитува слободата на изразување.

Стотици ирански реформисти кои живеат во странство одржаа протести во понеделник против изборните разултати во градови како Куала Лумпур, Дубаи и Лондон. Многумина од демонстрантите извикувале „Каде е мојот глас?“.

Северна Кореја му честиташе на иранскиот претседател за реизборот. Пјонгјанг и Техеран се сојузници и ангажирани се во конфликти со меѓународната заедница во врска со нивните нуклеарни програми.

XS
SM
MD
LG