Линкови за пристапност

Самит на Русија, Кина и централно-азиските земји


Русија е домаќин на Кина и група централно-азиски држави од поранешниот Советски сојуз кои се собрани на регионален самит со фокус на глобалната финансиска криза, регионалната безбедност, енергетски прашања и состојбата со Авганистан.

Рускиот претседател Дмитри Медведев се очекува да ја искористи средбата на лидерите на Шангајската организација за соработка за јакнење на групата како контратежа на растечкото влијание на САД во регионот.

Самитот беше отворен денеска во рускиот планински град Екатеринбург без учество на иранскиот претседател Махмуд Ахмединеџад, чија земја има набљудувачки статус во групата, заедно со Индија, Монголија и Пакистан.

Ахмединеџад, чија влада се соочува со масовни опозициски протести поради минатонеделните избори требаше да допатува во вторник и да се сретне со претседателот Медведев на маргините на Самитот, што сега е неизвесно.

Организаторите велат дека индискиот претседател Манмоан Синг и пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари најверојатно ќе имаат средба лице в лице.

XS
SM
MD
LG