Линкови за пристапност

МекКристол на чело на командата на меѓународните трупи во Авганистан


Меѓународните сили во Авганистан ќе ги предводи нов командант во справувањето со се` почестите напади од страна на припадниците на Талебан.

Американскиот генерал Стенли Мек Кристoл и официјално во понеделник ја презеде командата врз американските и војниците на НАТО стационирани во Кабул.

За време на кусата церемонија на преземање на должноста, генералот со четири звезди, изјави дека авганистанските цивили се во центарот на мисијата.

Тој вети дека ќе се фокусира на минимализирање на цивилните жртви во борбата против Талебан.

Генералот Мек Кристoл додаде дека меѓународните трупи ќе бидат „внимателни“, но „нема да се плашат“ од непријателот.
XS
SM
MD
LG