Линкови за пристапност

Хаг го започна судењето на поранешната портпаролка


Во хашкиот суд за воени злосторства во поранешна Југославија, започна процесот за поранешната портпаролка на ОН, Флоренс Хартман.

Трибуналот ја обвинува Хартман за наводен обид во нејзината книга објавена во 2007-ма, а подоцна и во напис во списание, да обелодени тајни информации поврзани со хашкиот суд.

Адвокатот на Хартман изјави дека неговиот клиент не е виновен за намерно обелоденување на тајни наредби на судот на ОН за воени злосторства. Пред тричлениот судски панел, адвокатот истакна дека Хартман не сторила ништо погрешно бидејќи спорните информации веќе биле претходно објавени од други новинари дури и од судии од трибуналот.

Судот во февруари ја одложи постапката на Хартман, откако нејзините адвокати побараа да бидат сменети двајца судии и адвокат инволвирани во случајот.

XS
SM
MD
LG