Линкови за пристапност

Блер  во посета на Појасот Газа: Палестинците се во тешка ситуација


Поранешниот британски премиерТони Блер во понеделник по втор пат го посети Појасот Газа откако е меѓународен пратеник за Блискиот исток, две години откако Хамас ја презеде власта на оваа сиромашна територија.

Блер кажа дека светот мора да се фокусира на „изворните хуманитарни проблеми" во Газа, нагласувајќи дека локалните Палестинци се во „тешка ситуација".

Израел и Египет ја блокираа Газа за последните две години, потег што Израел вели дека е критичен за безбедноста на израелскиот народ.


Во друг развој, Европската Унија и САД велат дека условното прифаќање на израелскиот премиер на палестинска држава е важен чекор кон мир на Блискиот исток.

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху за прв пат зборуваше за целта да се создаде палестинска држава, со стриктни услови, во политички говор во неделата.


Нетанјаху вели дека ќе прифати палестинска држава доколку таа нема армија и доколку го признае Израел како еврејска држава.
Портпарол на палестинскиот претседател Махмуд Абас, Набил Абу Рдаинах, го осуди говорот на Нетанјаху како „саботирање" на мировните напори.


Но, ЕУ и САД одвоено кажаа дека дискутирањето на Нетанјаху за палестинска државност е чекор напред.

ЕУ и САД заедно со Русија и ОН се членови на таканаречениот „Квартет" на меѓународни партнери инволвирани во напори за посредување во израелско-палестинскиот конфликт.

Чешкиот министер за надворешни работи Јан Кохут, чија држава го држи ротирачкото претседателство на ЕУ, во понеделник додаде дека бројни елементи во говорот на Нетанјаху треба да бидат анализирани.


Во Вашингтон во неделата Белата куќа издаде соопштение во кое се вели дека претседателот Обама го поздравува прифаќањето на Нетанјаху на солуцијата на две држави.
XS
SM
MD
LG