Јужнокорејскиот претседател Ли Мјунг-бак е на пат за Вашингтон, каде со претседателот Барак Обама ќе разговара за нуклеарната закана од Северна Кореја.
Пред да замине од Сеул во понеделник, Ли во радио обраќање кажа дека ќе работи со претседателот Обама на прашања за заедничка безбедност и економски растеж.
Јужнокорејскиот претседател подоцна денеска во Вашингтон
ќе се сретне со високи американски претставници, меѓу кои и со американската
Државна секретарка Хилари Клинтон и Секретарот за одбрана Роберт Гејтс.
Средбата со Обама во вторник ќе биде нивни прв формален самит. Разговорите ќе се
фокусираат на Северна Кореја и безбедносни
гаранции од САД. Но двајцата лидери исто така се очекува да зборуваат и за долгоодолговлекуваната ратификација на
договорот за слободна трговија меѓу САД и Јужна Кореја.