Линкови за пристапност

Победата на Ахмадинеџад предизвика протести во Техеран 


Демонстранти во саботата се судрија со полицијата на улиците во Техеран, веднаш откако иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад повторно победи на изборите.

Насилството изби откако иранскиот министер за внатрешни работи Садик Махсули го прогласи Ахмадинеџад за победник со 62.6 проценти од гласовите. Тоа е речиси двојно повеќе од реформистичкиот противкандидат Мир Хусеин Мусави, кој освои 33.75 проценти.

Мусави тврди дека гласањето било со сериозни неправилности, а во знак на протест на улиците на Техеран излегоа илјадници негови симпатизери. Некои фрлаа камења кон полициските сили, кои пак употебија палки против демонстрантите.

Во обраќањето по повод победата, Ахмадинеџад кажа дека гласањето било целосно слободно како и дека луѓето гласале за неговата политика.
Резултатите исто така изненадија многумина аналитичари кои предвидуваа тесна трка меѓу Ахмадинеџад и Мусави.


XS
SM
MD
LG