Републиканецот од Индијана Марк Саудер раскажува дека практично со години сам во Конгресот се залагал за Македонија, поради тоа што е еден од малкумината кој во изборната единица има значителен број на македонски Американци.Саудер вели дека сега во Конгресот постои македонска неформална група - кокус, но дека допрва треба да расте по број и влијание.Тој беше еден од петорицата конгресмени што добија награда на Првата глобална конференција на Обединетата македонска дијаспора во Вашингтон.
Глас на Америка на македонски:Што Ви значи оваа награда?
Марк Саудер:Значи многу.Македонија не е голема земја, но е пријател на САД на толку многу начини.Мојата единствена посета таму беше кога појдов во еден од камповите каде се наоѓаа луѓето од Косово.Тоа беше тешка одлука што Македонија ја донесе.Очигледно, во Македонија имаше поделби толку многу години, и да подаде рака на таков начин, кога времето беше од најкритично значење во тој судир на Балканот, потоа да му помогне на НАТО и на САД откако бевме нападнати од терористите, да се обиде да трага по нив и да ги улови – тоа е еден восхитувачки период од македонската историја.Да се соработува со македонската дијаспора и да се биде награден од неа е голема чест.
Глас на Америка на македонски:Што реално може Македонија да направи за да стане членка на НАТО и да го избегне грчкото противење?
Марк Саудер:Наша работа број еден во Конгресот - бидејќи грчкото население во САД е побројно, имаат повеќе пари и повеќе гласови - е да запреме американскиот Конгрес да интервенира.Нашата извршна гранка, без оглед на тоа која партија е на власт, ја разбира важноста на Македонија и не верувам дека ќе ја занемари.Предизвикот во Европа е да се допре до европските земји, да им се помогне да разберат дека не може да имаат разединетот околу дебати за името.Мислам дека Македонија и Грција треба да продолжат да работат на прашањето. Верувам дека со раководството во Македонија во нејзината влада, со слободните избори, со прифаќање на различни малцински групи во земјата, а што не беше најдобро направено во други балкански земји, како што Македонија ќе добива повеќе инвестиции - сега сите ширум светот минуваме низ тежок период - и ќе станува посилна, ќе биде невозможно да биде игнорирана.Влегувањето на Македонија во НАТО и ЕУ е само прашање на време, бидејќи економската и демократска моќ на крајот ќе надвладеат.
Глас на Америка на македонски:Дали постои идеја за формирање на македонски кокус или неформална група во Конгресот, нешто слично на грчкиот кокус?
Марк Саудер:Имаме македонски кокус, но разликата е дека немаме македонски Американци во Конгресот.Јас практично со години самиот работев поради Македонската патриотска организација и Македонската трибуна од Форт Вејн, Инидијана (делот на Индијана што го застапувам – н.з.).Конгресменот Паскрел се вклучи и даде навистина силна енергија од другата страна. Но, за да ја илустрирам разликата – наместо големи грчки заедници во изборна едница и грчки претставници во Конгресот, ние го имаме конгресменот Померој кој како студент престојувал во Македонија, конгресменот Мичел, кој претставува град во Аризона што е збратимен со град во Македонија – врската навистина не е политичка.Дури и јас можеби имам повеќе Грци отколку Македонци во мојата изборна единица, иако имам една од најголемите македонски заедници. Се работи за поддршка на Македонија преку пријателство, преку вистината.Како што се` повеќе луѓе ќе ја посетуваат Македонија со текот на годините, како што се` повеќе луѓе ќе разбираат за неа, како што нашиот кокус преку драгите колеги ќе ги образува за неа – така и ќе расте.Засега сме петорица.