На тркалезната маза за македонската економска клима и привлекувањето на странски инвестиции, претседателот на „Инвестирај во Македонија“ Виктор Мизо во петокот кажа дека глобалната економска криза не ја заобиколила Македонија.Иако економската криза во земјата резултирала со намалување на бруто националниот доход, тој смета дека странските инвеститори не се порезервирани да вложат во неа, туку едноставно се погодени од глобалната економска криза. Некои инвеститори ги одложиле инвестициите, но не ги откажале, вели Мизо.
Даниел Сервер од Американскиот институт за мир на дебатата за евроинтеграцијата на Македонија рече дека очекувал прашањето за разликите со името да биде решено многу одамна.Тој истакна дека притисокот за изнаоѓање на решение треба да биде на обете страни во преговорите, но предочи дека Грците имаат силна преговарачка позиција поради нивното членство во НАТО и во ЕУ.
„Јас ќе ги нарекувам Македонците како што сакаат да се нарекуваат, независно од документот што ќе биде потпишан во ОН“, рече Сервер.
За американскиот амбасадор во Скопје Филип Рикер, Македонија нема подобар пријател од САД. Тој пред македонската дијапора потсети дека Македонија од корисник станала придонесувач за стабилноста и безбедноста во регионот. Според него, разликите меѓу разните етнички групи се богатство и тоа не треба да ги дели граѓаните, туку да ги обединува.