Линкови за пристапност

Интервју со Бил Паскрел, конгресмен на САД


„Јас не можам да разберам како две прекрасни земји решија да спорат за она што една земја има право да го стори – да се именува себеси.Ние ќе бевме изнервирани и гневни доколку Велика Британија ни кажеше во ОН – не сакаме да се нарекувате САД, сакаме да бидете `Поранешна Велика Британија`“, кажа демократскиот конгресмен Бил Паскрел во емотивен говор по примањето на наградата на Обединетата македонска дијаспора во четвртокот.Паскрел нагласи дека има тврдоглавост на обете страни и побара премостување на разликите.

Глас на Америка на македонски:Во говорот по примањето на наградата рековте дека нема да запрете се` додека Македонија не биде примена во НАТО.Како планирате да го постигнете тоа?

Бил Паскрел:Не можам самиот да го постигнам, но затоа исцрпно ќе трошам енергија со цел тоа да се случи, бидејќи сметам дека е правилната работа што треба да се стори.Мислам дека е правилно Македонија, која има дадено толку многу на други земји, да биде дел од НАТО.За мене е. Да употребам термин што еден колега го употреби, апсурдно е да се држи надвор од НАТО поради спор меѓу две земји, а не меѓу сите земји во светот.Двете земји мора да изнајдат компромис и на тоа ќе посветам многу, многу часови за да се случи.

Глас на Америка на македонски:Говоревте и за потребата од премостување на разликите и како овој спор е бесмислен.Што може да направат обете земји во однос на отстапките, за да постигнат решение.Треба ли Македонија да се откаже од уставното име?

Бил Паскрел:Веќе кажав дека не верувам дека е така, но мислам дека дел од компромисот е Република Македонија да стане нешто друго, меѓутоа никогаш да не биде „поранешна југословенска република“ и целосно да го отфрли името „Македонија“.Го разбирам проблемот.Има еден македонски дел на Грција, ја разбирам тамошната чувствителност.Има други начини да се реши проблемот отколку да се промени името на Македонија.

Глас на Америка на македонски:Дали гледате поголема улога за владата на американскиот претседател Барак Обама во ова?

Бил Паскрел:Претседателот Обама има огромен број проблеми на масата. Ќе се справи со тие проблеми.Ни треба поддршката на државната секретарка за да дојдеме до решение на овој проблем. Јас имам доверба во него, во мојот претседател.

XS
SM
MD
LG