Линкови за пристапност

Виш сунитски законодавец убиен во Ирак


Претставник на партијата на законодавецот изјави дека Харит ал-Обеиди бил убиен по петочните молитви пред џамијата ал-Шаваф во областа Јармук во Багдад.

Ал-Обеиди беше на чело на големиот сунитски муслимански блок во ирачкиот парламент. Тој воедно беше и член на парламентарната комисија за човекови права.

Вчера ирачкиот премиер Нури ал-Малики предупреди дека наредниве неколку недели можно е засилување на насилството, во време кога американските трупи се подготвуваат да се повлечат од урбаните центри.

XS
SM
MD
LG