Линкови за пристапност

Лугар: Ќе продолжиме да се залагаме за македонското членство во НАТО


Обединетата македонска дијаспора во рамки на својата Прва глобална конференција му врачи на сенаторот Ричард Лугар „Меѓународна награда на слободата“ за залагањето за Македонија, но и за долгогодишната поддршка на универзално прифатените принципи на правда, мир, демократија, лична слобода и економски можности.Највисокиот по ранг републикански член на Сенатската комисија за надворешни работи во интервјуто за Гласот на Америка на македонски вели дека САД ќе бидат константни во застапување на ставот дека Македонија треба да биде дел од НАТО.

Глас на Америка на македонски:Сенаторе Лугар, честитки за наградата.Во вашиот говор споменавте дека Македонија е важен дел од Европа.Дали сте оптимист дека Македонија де факто ќе стане дел од Европа, со тоа што ќе биде примена во НАТО и ЕУ, и покрај заканите со вето од страна на Грција?

Ричард Лугар:Да, оптимист сум.Понекогаш за дипломатијата е потребно извесно време.Ќе продолжиме да се залагаме за македонското членство во НАТО. Како што реков вечерва, тоа им го велиме и на Македонците, и на Грците кога ќе не` посетат во Сенатската комисија за надворешни работи, бидејќи веруваме дека тоа е добро за соседството, а посекако е добро за Европа.

Глас на Америка на македонски:Што би ја советувале Македонија да чини, ако не го сторила досега, за да ја оствари евроатлантската интеграција?

Ричард Лугар:Немам конкретен совет, освен да продолжи да просперира како земја, да расте политички, економски, да одржува пријателски врски во сите насоки.Ќе дојде ден кога работите ќе дојдат на свое место.САД ќе бидат константни во застапување на ставот дека Македонија треба да биде дел од НАТО.

Глас на Америка на македонски:Дали САД треба нешто дополнително да сторат за да и` помогнат на Македонија?

Ричард Лугар:Во моментов не знам, но во последно време работев внимателно на членството на Хрватска, на Албанија.Од разновидни причини, и ова беа тешки ситуации за некои земји и навистина е потребна едногласна согласност на сите членки.САД се членка на НАТО и - да се надеваме - важна членка, но ќе треба да работиме заедно со сите наши пријатели во Европа.

XS
SM
MD
LG