Линкови за пристапност

Огромен одзив на претседателските избори во Иран


Се очекува тесна трка меѓу актуелниот ирански претседател и конзервативен кандидат Махмуд Ахмадинеџад и водечкиот реформистички кандидат, поранешниот премиер Мир Хусеин Мусави.

Шефот на иранската изборна комисија, Камран Данешоу изјави дека одзивот на гласачите е на рекордно ниво, додавајќи дека гласачките места ќе останат отворени дополнителни два часа.

Иранскиот врховен лидер, Ајатолахот Али Каменеи откако гласаше, ги повика иранските граѓани да го сторат истото. Тој на Иранците им порача да останат смирени и да игнорираат секаков обид да се креира „тензија“ на гласачките места.

Иранскиот претседател Ахмадинеџад откако го даде својот глас, изјави дека ветува светла и прогресивна иднина за Иран.

Меѓу останатите претседателски кандидати се и реформскиот свештеник Мехди Каруби и поранешниот командант на револуционарната гарда, Мохсен Резеи.

За време на претседателските кампањи доминираа прашањата за иранската економија, нуклеарната програма и односите на Иран со странство.

XS
SM
MD
LG