Посредникот Метју Нимиц на 22-ри јуни во Женева закажал нова средба за спорот околу името, соопшти Канцеларијата на портпаролот на Генералниот секретар на ОН. По овој состанок со преговарачите на Република Македонија и Грција, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, Нимиц на 6-ти и 7-ми јули ќе престојува во Скопје, а на 7-ми и 8-ми во Атина, каде ќе се сретне со владини претставници.
Преговорите за името продолжуваат по неколкумесечен период на мирување поради претседателските и локалните избори во Македонија и изборите за Европскиот парламент во Грција.