Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад и неговиот ривал
Мир Хусеин Мусави се на завршни кампањи воочи изборите во петок.
Обајцата продолжуваат со меѓусебно обвинување за лажење
на јавноста во поларизираната предизборна кампања.
Ахмадинеџад на денешниот собир во Техеран ги обвини неговите
противници за усвојување на валкани тактики користени од страна на лидерот на
нацистичка Германија, Адолф Хитлер. Тој рече дека тие лажеле кога економијата
ја опишувале како слаба и нивните методи ги спореди со оние на Хитлер.