Властите во Вашингтон велат дека две лица биле погодени
во американскиот Музеј на холокаустот.
Полицијата вели дека едно лице влегло во зградата со
пушка во среда попладне и отворило оган на вооружениот чувар во музејот.
Полицијата вели дека чуварот и барем уште едно лице од
обезбедувањето возвратиле со оган.
Чуварот и вооруженото лице биле погодени и пренесени во локална болница на
Универзитетот Џорџ Вашингтон.
Првичните извештаи велат дека осомночениот напаѓач е
88-годишен човек, Џејмс вон Брун, за кого се верува дека има врски со таканаречени
групи на омраза или антивладини групи.
Музејот бил обезбеден и евакуиран по пукањето. Зградата е
во близина на Белата куќа и Националното
шеталиште, во област што вообичаено е
преплавена со туристи во ова време на
годината.