Линкови за пристапност

Орландо намалија на 2:1 против Лејкерс


Орландо Меџик синоќа покажаа дека се` уште имаат магија - ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 108-104 во третиот од серијата „најдобар во седум“ натпревари во финалето на Ен-Би-Еј и намалија на 2-1.

Ова беше тимска победа на Орландо: Рашард Луис и Двајт Хаурад постигнаа по 21 поен, Рафер Алстон 20, а Мајкл Питрус помогна од клупата со 18. Коби Брајант кај Лејкерс парираше со 31 поен. Орландо ќе биде домаќин и во наредниот натпревар што се игра во четврток.

XS
SM
MD
LG