Линкови за пристапност

Палау ќе прифати кинески муслимани од Гвантанамо


Претседателот на Палау Џонсон Торибионг издаде соопштение во кое се вели дека неговата земја би била „почестена и горда“ да одговори на барањето на Вашингтон да обезбеди привремен престој на етничките Ујгурци.

Администрацијата на претседателот Барак Обама преговара со неколку земји во светот за преземање на Ујгурците за кои е одлучено да бидат ослободени од Гвантанамо уште во 2003 година. Администрацијата на претседателот Џорџ Буш одби да ги именува како „непријателски борци“.

Кина ја обвинува оваа етничка група за терористички активности и врши притисок за нивно враќање во Кина, но Вашингтон го одбива барањето поради стравување дека тие ќе бидат мачени.

XS
SM
MD
LG