Линкови за пристапност

Советот за безбедност на ОН се` поблиску до гласање за резолуција за Северна Кореја


Дипломат кој има врска со разговорите во ОН вели дека Советот за безбедност набргу треба да гласа за резолуција што претставува реакција на неодамнешниот севернокорејски подземен нуклеарен тест.

Средбата во полн состав на Советот од 15 члена започна во средата наутро. Дипломатот за Гласот на Америка најави дека Советот најверојатно ќе гласа по резолуцијата во четврток.

Нацрт-резолуцијата на маса е продукт на преговорите меѓу петте постојани членки на Советот - САД, Британија, Франција, Кина и Русија, на кои им се приклучија и Јапонија и Јужна Кореја.

Меѓу предложените мерки наводно ќе има нови ограничувања за финансиските транскации на Северна Кореја во странство, проширување на ембаргото за оружје и заострена контрола на севернокорејските товарни бродови.

Во меѓувреме, официјален Пјонгјанг и во средата продолжи со воинствена реторика преку медиумите под своја контрола, обвинувајќи ги САД дека „отворено навестуваат нуклеарна војна“ против Северна Кореја.

XS
SM
MD
LG