Пакистанската армија тврди дека нападнала клучна област каде се организираат милитанти, во близина на племенски регион под контрола на Талебан, на границата со Авганистан. Во армиското соопштение се наведува дека нејзините сили со жесток оган нападнале најмалку 600 осомничени милитанти во близина на Бану. Локалното население тврди дека била употребена и тешка артилерија.
Бану се наоѓа на околу 200 километри југозападно од Сват, каде армијата со недели војува против припадниците на Талебан. Во средата армијата соопшти дека во последните 24 часа нејзините сили убиле 23 припадници на Талебан, а во борбите загинале и двајца војници.
Во Пешавар, пак, главниот град во североисточниот дел на земјата, властите трагаат по дополнителни жртви од вчерашниот самоубиствен бомбашки напад врз луксузен хотел. Во нападот со камион-бомба во хотелот „Перл континентал“ загинаа 15 лица, а биле повредени 70.