Линкови за пристапност

Бомбашки напад во јужен Ирак - загинаа најмалку 32 лица


Ирачките власти соопштија дека од експлозија на автомобил бомба на југот на земјата загинале најмалку 32 лица, а повредени се најмалку 45 други. Полицијата вели дека денешната експлозија се случила во преполн пазар во градот Батха, во близина на јужниот град Насирија.

Се работи за област во која живее главно шиитско население и се наоѓа на околу 300 километри југоисточно од Багдад. Таму се водеа жестоки внатрешни борби меѓу фракции на шиитската паравојска пред да стапи на сила прекинот на огнот.

Никој не презеде одговорност за инцидентот.

Бомбашките напади се честа појава во Ирак, но генерално насилството во изминативе месеци е значително намалено.

XS
SM
MD
LG