Линкови за пристапност

 
Боцевски во Вашингтон го подвлекува дипломатскиот пресинг за евроатлантската интеграција

Боцевски во Вашингтон го подвлекува дипломатскиот пресинг за евроатлантската интеграција


На конференцијата на која најавува дека ќе присуствуват угледни членови од американскиот конгрес, од актуелната администрација и од невладините организации, Боцевски ќе говори за клучното стратегиско прашање на Македонија – евроатлантската ингеграција.

„Таму ќе ги претставам македонските приоритети поврзани со македонската интеграција, односно добивањето позитивен извештај и почнувањето на преговори со ЕУ и завршувањето на процесот на визна либерализација“, вели македонскиот вицепремиер.

Тој се залага за постојан пресинг на Македонија во светските метрополи за да се заокружи нејзината евроатланската интеграција: „Тоа е генерациски проект на актуелната генерација македонски политичари, односно проектот Македонија силно да се всидри во рамки на институциите на западниот свет – ЕУ и НАТО. За остварување на таа цел потребен е секојдневен пресинг и ангажман од страна на македонските претставници и политичари тука во Вашингтон, Брисел и другите главни градови за да ја изложиме европската агенда на Македонија“.

Во контекст на гостувањето на Глобалната конференција на Обединетата македонска дијаспора, вицепремиерот коментира дека иселеништвото е врзувачкото ткиво преку кое Македонија се презентира во САД, се зајакнува нејзината афирмација за влез во ЕУ и НАТО, а со тоа истовремено се афирмираат и македонскиот идентитет, култура и јазик.

XS
SM
MD
LG