Седум клучни држави се согласија по нацрт-резолуцијата на
Советот за безбедност на ОН со која би се вовеле нови остри санкции,
вклучувајќи и целосна забрана за оружје, против Северна Кореја.
Во резолуцијата се осудува нуклеарниот тест на Северна
Кореја како прекршување на претходните резолуции на ОН и налага воведување на
дополнителни санкции.
Санкциите вклучуваат проширување на ембаргото за оружје
против Северна Кореја, зајакнување на финансиските санкции, како и повикување
на земјите да применат построги проверки на карго пратките на Северна
Кореја.
Нацрт-резолуцијата е продукт на преговорите меѓу петте постојани членки на Советот - САД,
Британија, Франција, Кина и Русија, на кои им се приклучија и Јапонија и Јужна
Кореја.