Линкови за пристапност

Проблемите на „Бостон глоуб“ - слика на кризата на весниците во САД


Работниците - членови на синдикатот со тесно мнозинство го отфрлија предлогот за скратување на платите и бенефициите на вработените во „Бостон глоуб“, како што бараше матичната компанија на весникот. Предлогот предвидуваше намалување на платите за 8,4 проценти, една недела неплатен одмор, како и скратување на бенефициите за здравствено и пензиско осигурување.

„Бостон глоуб“ е во сопственост на весникот „Њујорк тајмс“. Матичната компанија тврди дека весникот стар 137 години годинава може да загуби 85 милиони долари и поради тоа побара 20 милијарди долари годишна заштеда, а дури и се закани со негово затворање.

Кусо време откако беше отфрлен предлогот, „Њујорк тајмс“ најави дека почнувајќи од наредната недела, платите на вработените во „Бостон глоуб“ ќе бидат намалени за 23 проценти.

Американската индустрија на весници во последниве години западна во тешкотии поради намалена продажба, што пак е резултат на ослабената економија и вртењето на читателите кон Интернет. Голем број весници беа принудени да го намалат персоналот. Некои од нив станаа само Интернет-изданија, а некои беа затворени, како „Роки маунтин њуз“ во Денвер, сојузната држава Колорадо.

XS
SM
MD
LG