Американската државна секретарка Хилари Клинтон нареди проверка на безбедносните процедури во Стејт департментот откако беше покренато обвинение против поранешен вработен и неговата сопруга за шпионажа во корист на Куба.
Клинтон во понеделникот кажа дека побарала од персоналот задолжен за безбедност да ги преразгледа сите програми и форми на контрола и одобренија за вработените, со цел да не се повторат вакви случаи.
Валтер Кендал Маерс, кој работел во Стејт департментот, и неговата сопруга Гвендолин Стејграбер Мајерс во петокот пред федерален судија во Вашингтон се изјаснија дека не се виновни во врска со обвинението дека дејствувале како тајни агенти на Куба и проследувале доверливи документи до властите во Хавана. Ако бидат осудени за виновни, тие може да добијат до 20 години затвор. Американските власти ги товарат дека речиси 30 години шпионирале за Куба, а во 1995-та дури и се сретнале со тогашниот претседател Фидел Кастро.
Кастро коментираше дека случајот е „бесмислен“.