Линкови за пристапност

Интернет-страница на неделата во избор на Гласот на Америка:  SeedMagazine.com


SeedMagazine.com е извор на научни вести, коментари и анализи што се обидуваат да понудат различен пристап од многу други добри Интернет-страници за науката.

„SeedMagazine.com е дневен преглед на вести за науката. Објавуваме најнови научни вести, но таквите информации потоа ги ставаме во контекст и на јавноста и` нудиме да размислува и да ја разгледа темата во пошироката перспектива на она што се случува во светот денес“, вели Дон Хојт Горман - уредник во SeedMagazine.com.

Она што страницата ја разликува од Интернет-известувањето на научни теми е специјалниот фокус на културата и уметноста.

„Веруваме дека науката е основен, движечки елемент на културата, со што науката секако има влијание врз уметноста. Ние ја набљудуваме таа врска и известуваме како науката резултира во нови начини на изразување на идеи преку уметноста“, коментира Горман.

На SeedMagazine.com може да најдете и видео-дијалози меѓу научници и експерти:

„Ако ги соочите активистот и лингвист Ноам Чомски и биологот Роберт Триверс и на обајцата им поставите прашање за измамата, за самоизмамата, несомнено е дека резултатот ќе биде жив и инспиративен дијалог од час-два“, вели Горман.

За најнови информации поврзани со науката и технологијата, посетете ја Интернет-страницата на неделата во избор на Гласот на Америка, SeedMagazine.com.

XS
SM
MD
LG