Линкови за пристапност

Во експлозија во пакистански хотел убиени 11 лица


Полицијата во северозападен Пакистан вели дека од експлозија на бомба во луксузен хотел убиени се 11 лица и ранети 40 други.

Експлозијата се случила доцна во вторник пред хотелот „Pearl Continental" во градот Пешавар. Сведоци велат дека слушнале истрели од оружје пред експлозијата да уништи една страна на хотелот и дел од паркингот.

Десетина автомобили биле уништени, и дел од зградата бил зафатен од оган. Телевизиските снимки покажаа многу чад, отпад растурен по улицата и амбулантни возила.

Пакистански политичари од регионот биле во хотелот заедно со претставници на ОН кои вршеле проценка на хуманитарните операции за милионите раселени лица заради армиската офанзива против талебанските милитанти во Долината Сват.

Никој се` уште не ја презел одговорноста за нападот.

XS
SM
MD
LG