Линкови за пристапност

Обама бара враќање на системот на навремено плаќање за трошоците


Претседателот Барак Обама го повикува Конгресот да го обнови системот на навремено плаќање, според кој секое ново даночно намалување или одредено зголемување на трошоците е избалансирано со заштеда во други области.

На настан во Белата Куќа, Обама кажа дека плаќањето за тоа што се купува е логична работа и дека тоа правило треба да стане закон.

Обама кажа дека неодговорната фискална политика од минатото ја ставило земјата во големи долгови и за поправање на проблемот ќе треба време, трпение и тешки одлуки.

Претседателот исто така забележа дека неколку финансиски институции што примиле пари од даночните обврзници во вид на помош се подготвени да го вратат заемот во износ од 68 милијарди долари. Тој кажа дека владата остварила профит од тој прв обрт на средства.

Тој исто така рече дека економската криза се уште создава „болни ситуации" за бизнисите и семејствата.

XS
SM
MD
LG