Линкови за пристапност

Притвореник од Гвантанамо префрлен во САД


Американските власти за првпат префрлија во САД притвореник од армиската база Гвантанамо на Куба. Претставници на владиниот Оддел за правда соопштија дека Ахмед Гаилани во вторникот пристигнал во Њујорк, каде ќе му се суди за наводна улога во бомбашкиот напад врз американски амбасади во Африка пред 10 години.

Гаилани ќе биде првиот притвореник од Гвантанамо на кој ќе му се суди во американски цивилен суд. Овој процес се смета за важен испит за планот на американскиот претседател Барак Обама да го затвори Гвантанамо во рок од седум месеци и да изведе на суд дел од осомничените лица.

Гаилани во 1998-ма беше обвинет за бомбашкиот напад на Ал-Каида врз американските амбасади во Танзанија и Кенија во кои загинаа над 200 лица. Тој е Танзаниец.

XS
SM
MD
LG