Американскиот претседател Барак Обама вели дека забавеното темпо на губење работни места во САД е добар знак за најголемата економија во светот.
Но, тој рече дека останува загрижен за здравјето на националната економија.
Кризата причини стапката на навработеност да нарасне на 9.4 проценти – највиско ниво за последните 25 години. Но, владини податоци покажаа дека минатиот месец беа загубени 345.000 работни места – најниска цифра во последните осум месеци.
Претседателот Обама рече дека тоа е знак оти економијата се движи во вистинска насока, но додаде дека треба да бидат преземени дополнителни акции.
За да ја ублажи рецесијата, владата на Обама побара од федералните агенции во наредните месеци да започнат да даваат милијарди долари претходно одобрени според владиниот план за стимулирање на економијата.
Тој тврди дека со тоа ќе се спасат или создадат 600.000 работни места во наредните 100 дена.