Линкови за пристапност

8-ми јуни – Светски ден на океаните


Професорот Џери Алт, кој предава поморска наука, заедно со својот тим научници на крајбрежјето на Флорида ловат тарпон уште од пет наутро. Тарпонот е сон на секој риболовец – тоа е голема риба, брза, силна, со можност да скока во височина од 3,5 метри.

Страста за спортскиот риболов лежи токму во недофатливоста на тарпонот. По 30-минутна борба, овој тим конечно може да ја придвижи рибата кон бродот.

Но, научниците не се тука само за уживањето во спортот, туку тие вршат и научни проучувања.

Најпрво ја мерат рибата. Во случајов таа е долга 1,6 метри со пречник од 62 сантиметра, а тешка е околу 60 килограми. Потоа земаат Де-Ен-Ка примерок и на нејзиниот грб вградуваат направа за да може сателитски да се следи.

Целта е наредните пет месеци постојано да снима каде се движи рибата, на која длабочина, го регистрира и нивото на сол во океанот, како и температурата на водата. Професорот Алт објаснува што ќе се случи наредните неколку месеци: „Апаратчето се одвојува од рибата, се искачува на површината, се поврзува со сателитска мрежа, се пренесуваат податоците што јас потоа ги добивам како електронска порака".

Се` досега тарпонот многу малку е проучуван. Но поради тоа што цената на оваа риба изминативе неколку години почна да расте, нарасна и потребата од повеќе информации за неа.

Професорот Алт се поврзал со неколу организации кои се подготвени да ги финансираат проектите за истражување на тарпонот бидејќи доколу исчезне популацијата на тарпонот, ќе бидат загубени милијарди долари.

„Во моментов во Флорида комерцијалните рибарници генерираат милијарди долари годишен приход. Спортскиот риболов во оваа сојузна држава се проценува на околу 10 милијарди долари годишен приход. Спортскиот риболов во Флорида сега е повреден споредено со индустријата на производство и преработка на портокали на пример".

Професорот Алт вели дека една од најпопуларните дестинации за тарпонот се темните морски длабочини под мостовите. Овој научник вели дека многу фактори се закануваат за опстанокот на најстарите животни во океанот. Меѓу нив е и отстранувањето на шкампата – мамец, една од најомилените храни на тарпонот.

Преку сателитската ознака вградена на грбот на рибата и преку опстојно истражување, Џери Алт открил одредени вредни информации, што еден ден ќе помогнат да се спаси одумирањето на тарпонот. Тој вели дека рибата може да патува на големи далечини за да ја пронајде идеалната температура на водата, 26 степени целзиусови. Од Флорида, тарпонот може да патува речиси 2.000 километри северно од американското крајбрежје или јужно кон Мексиканскиот Залив, Централна и Јужна Америка.

„За жал кога ќе ја премине американската граница, тарпонот може да биде уловен и да се користи за исхрана, така што за овој вид на риба која може да живе и до 80 години, важи правилото дека е подложна на секаков вид на експлоатација".

Експертите велат дека и зголемувањето на температурата на водата во океаните може да претставува опасност за опстанокот на многу животни вклучувајќи го и тарпонот. По 10-годишно истражување, Џери Алт чувствува дека тукушто почнал да ја разбира филозофијата поврзана со тарпонот кој го надживеал изумирањето на диносаурисите, но чија иднина сега е доведена во опасност заради човечката актовност.

XS
SM
MD
LG