Линкови за пристапност

Над 25.000 случаи на свински грип во светот; 139 починале


Светската здравствена организација соопшти дека свинскиот грип се проширил на вкупно 73 земји во светот, а од него починале 139 лица откако за првпат се појави во април годинава. Според најновите податоци објавени во понеделникот, во светот има над 25.000 случаи на заразени со вирусот класифициран како А-Х1Н1.

САД се на чело на листата по број на заразени со над 13.000 потврдени случаи, а потоа следи Мексико со преку 5.700. Најголем број на смртни слуачи се во Мексико.

СЗО соопшти дека е се` поблиску до објавување на пандемија, со оглед на тоа што инфекцијата навидум започнала да зема замав и надвор од Северна Америка, каде за првпат се појави.

Градоначалникот на Њу Орлеанс Реј Нагин се наоѓа во карантин во Кина, откако сопатник во авионот со кој допатувал во земјата покажал знаци на грипот. На Нагин, сопругата и член на неговиот кабинет во моментов им е ограничено движењето и тие се наоѓаат во хотел во Шангај. Од неговот кабинет јавија дека се работи за мерка на претпазливост, со оглед на фактот дека ниту еден од тројцата нема симптоми на грипот. Нагин беше на службено патување во чии рамки требаше да ја посети и Австралија.

XS
SM
MD
LG