Линкови за пристапност

„Били Елиот“ освои 10 награди Тони


Мјузиклот „Били Елиот“ е голем победник на годинешните награди Тони за најдобри достигнувања во американскиот театар и воедно бродвејски еквивалент на филмската награда Оскар во Холивуд. Приказната за син на рудар чиј сон е да стане танчер освои 10 награди, вклучувајќи и за најдобар мјузикл. Тројца млади актери кој наизменично го толкуваа ликот ја поделија наградата за најдобар актер.

„Бог на колежот“ на францускиот драматург Јасмина Риза, за судирот меѓу два брачни пара од средната класа чии деца се вмешани во тепачка, беше наградена за најдобра претстава.

Ветеранот на Бродвеј, 83-годишната Анџела Лансбури синоќа ја доби својата петта награда Тони, овојпат за ролјата во повторното поставување на „Безгрижен дух“ на Ноел Кауард.

XS
SM
MD
LG