Линкови за пристапност

Обама го забрзува остварувањето на планот за економско стимулирање


Американскиот претседател Барак Обама вети дека ќе ја забрза употребата на федерални средства за создавање на преку 600.000 работни места во наредните неколку месеци. Во изјава објавена во понеделникот, Обама наведува дека претстои дол пат до економската обнова, но ветува дека ќе го промени економскиот тек.

Американската економија, која е најголема во светот, во моментов се наоѓа во најтешка криза во последните 50 години. Кризата причини стапката на навработеност да нарасне на 9.4 проценти – највиско ниво во поседните 25 години.

За да ја ублажи рецесијата, владата на Обама побара од федералните агенции во наредните месеци да започнат да употребуваат милијарди долари од претходно одобрениот владин план за стимулирање на економијата, „тежок“ вкупно 787 милијарди долари.

Употребените средства ќе ги прошират здравствените услуги за околу 300.000 пациенти на национално ниво, а ќе отворат или оддржат околу 5.000 работни места во службите за одржување на законот. Парите ќе овозможат проекти за чистење на животната средина, ќе отворат нови работни места во обрзованието, а ќе се употребат и за реновирање на 90 медицински центри за воените ветерани.

Според владата на Обама, планот за стимулирање на економијата веќе спасил околу 150.000 работни места од рецесијата. Критичарите, пак, наведуваат дека тој само ја турнал земјата подлабоко во долгови.

Белата куќа уважи дека ситуацијата со вработувањето е полоша од предвиденото. Аустан Гулсби, член на Одборот на економски советници на претседателот, во неделата најави дека порастот во работни места најверојатно ќе уследи дури откако економијата започне да се опоравува.

XS
SM
MD
LG