Линкови за пристапност

Лејкерс поведоа со 2:0 против Меџик во финалето на НБА


Со победа дури во продолжението од 101-96, Лос Анџелес Лејкерс поведоа со 2:0 против Орландо Меџик во финалната серија - „најдобар во седум напревари“ на Националната кошаркарска лига.

Меџик пропуштија шанса да победат во последната секунда на регуларниот тек на натпреварот. Рашард Луис постигна 34 поени за Орландо. Кај Лос Анџелес добро функционираше двојката Коби Брајант со 29 и Пол Гасол со 24 поени. Последниот имаше и 10 скокови.

Во наредните два меча домаќин ќе биде Орландо, а првиот се игра во вторник.

XS
SM
MD
LG