Линкови за пристапност

На Палестинците им требаат средства за одвоена држава, вели Мичел


Специјалниот американски пратеник за Блискиот исток Џорџ Мичел вели дека донаторите мора да им овозможат средства на Палестинците за воспоставување на одржлива држава.

Мичел на палестинска донаторска конференција во Осло, Норвешка ја подвлече важноста од зголемување на „палестинскиот институционален и владин капацитет“. Тој е на пат за Блискиот Исток, каде ќе разговара со израелски, палестински, јордански и египетски претставници.

Мичел го повтори ставот на САД за решение на израелско-палестинскиот судир преку постоење на две држави.

Американскиот претседател Барак Обама повика на создавање независна палестинска држава што би постоела покрај Израел во говорор на Универзитетот во Каиро минатата недела. Обама рече дека Палестинците мора да го отфрлат насилството, а Израел мора да го уважи правото на постоење на палестинска држава.

XS
SM
MD
LG