Линкови за пристапност

Почина претседателот на Габон


Претседателот на Габон, Омар Бонго, кој беше најдолго на претседателската функција во цела Африка, почина во шпанска болница на 73-годишна возраст.

Премиерот на Габон, Жан Еуги Нонг изјави дека претседателот Бонго починал денеска од срцев удар.

Само неколку часа претходно, премиерот ги порекна извештаите за смртта на Бонго, велејќи дека е „жив и се чувствува добро“.

Владата на Габон објави 30-дневна жалост по повод починатиот претседател кој ја предводеше оваа западно-африканска земја повеќе од 41 година.

Владата воедно го повикува народот на Габон да остане обединет во тие тешки моменти.

Според уставот на Габон, лидерот на Сенатот ја презема претседателската функција и ќе организира нови избори за наследник на Омар Бонго.

XS
SM
MD
LG