Линкови за пристапност

Пронајден дел од опашката на урнатиот авион


Бразилските власти велат дека спасувачките екипи пронашле дел од опашката на авионот на „Ер Франс" што минатата недела се урна во Атлантскиот Океан. Авионот полета од Рио де Женеиро, а крајната дестинација му беше Париз. Во него имаше 228 лица заедно со членовите на екипажот.

Делот од опашката на авионот беше пронајден денеска додека истражувачки тим на американската морнарица замина за Бразил да им помогне на бразилските и француските власти во потрагата по „црната кутија". Американскиот тим треба да достави две високо-технолошки направи за слушање што можат да привлечат сигнали на предмети на длабочина дури до 6.100 метри.

„Црните кутии" би требало да ги содржат аудио снимките и податоците од последните минути на летот со број 447. Се верува дека тие се наоѓаат на длабочина од најмалку 3.000 метри. Кутиите можат да содржат сигнали 30 дена по несреќата.

XS
SM
MD
LG