Линкови за пристапност

Врховниот суд нема да ја цени армиската политика спрема хомосексуалците


Врховниот суд на САД го отфрли оспорувањето на политиката на Одделот за одбрана да не им се дозволи на хомосексуалците, кои јавно ја декларираат својата сексуална ориентација, да служат во армијата.

Одлуката беше донесена врз база на случајот на 12 армиски ветерани кои беа исклучени затоа што не се придржувале до политиката на армијата – „не прашувај, не кажувај“. Таа политика им овозможува на хомосексулаци да служат во армијата се додека јавно не ја декларираат својата сексуалната ориентираност.

Судот одлучи дека федералниот суд во Бостон бил во право кога одлучил да отфрли претходна тужба.

Претседателот Барак Обама за време на кампањата се заложи ќе ја измени политиката од ерата на Клинтон. Сепак, официјални лица од администрацијата истакнаа дека пониските судски истанци донеле правилна одлука во случајот.

XS
SM
MD
LG