Линкови за пристапност

Куба не сака членство во Организацијата на американски држави


Куба формално го отфрли повторно членство во Организацијата на американски држави неколку денови откако групата го отповика суспендирањето на Куба од ОАС пред близу 50 години.

Кубански официјални медиуми објавија владино соопштение во кое се вели дека кубанските вредности се некомпатибилни со, како што стои во соопштението, неолибералните вредности на капитализмот и само-промотивноста на групата.

Во соопштението САД се обвинуваат дека вршат жестока контрола врз организацијата.

Триесет и четиричлената организација во средата гласаше за укинување на суспензијата од 1962-ра на членството на Куба, воведена поради угнетувањето на демократските вредности од страна на комунистичкиот режим.

ОАС јави дека повторното членство на Куба е резултат на „процесот на дијалог“ според праксата, процедурата и принципите на групата - индиректна референца на укажување на заштитата на основните човекови права и демократија.

Пред одлуката на ОАС, кубански официјални лица соопштија дека немаат интерес повторно да станат членка на организацијата на американски држави.

XS
SM
MD
LG