Линкови за пристапност

Обама во Нормандија оддаде почит на хероите од „Денот Д“


Зборувајќи на церемонијата по повод одбележувањето на 65-годишнината од „Денот Д“ во Втората светска војна, во близина на плажите на нормандиското крајбрежје, американскиот претседател Барак Обама рече дека тоа бил важен момент кога сите нации беа заедно, и покрај разликите, со цел да го запрат злото на нацистичката идеологија.

Обама подвлече дека војниците кои извршија инвазија на Нормандија нема никогаш да бидат заборавени.

„Што не можеме да заборавиме - што не смееме да заборавиме - е дека `Денот Д` беше време и место кога храброста и несебичноста на овие луѓе го смени курсот на целиот век“, кажа американскиот претседател.

Тој истакна дека победата е уште помаркантна со оглед на тоа што била постигната напротив малите изгледи, но со „јасност во целта“ со кој сојузниците ја воделе војната.

Францускииот претседател Никола Саркози ги повика европските нации и САД да продолжат да работат во духот на единството и да се соочат со денешните глобални закани. Тој побара светот никогаш да не ги заборави болките и страдањата на војната и да продолжи да бара правда и мир.

XS
SM
MD
LG