Линкови за пристапност

Обама и Саркози ја одбележаа 65-годишнината од „Денот Д“


Американскиот претседател Барак Обама и францускиот колега Никола Саркози се меѓу бројните светски лидери кои во саботата во Нормандија присуствуваа на церемониите за одбележување на 65-тата годишнината од „Денот Д“ – инвазијата на сојузниците на окупираната Франција за време на Втората светска војна. По разговорите на разни прашања, Саркози и Обама ги посетија американските воени гробишта во Нормандија, каде им се придружија и лидерите од Британија и Канада.

Со инвазијата што започна на плажите во северна Франција на 6-ти јуни 1944-та, повеќе од 150.000 американски, канадски и британски војници помогнаа за ослободување на Европа од нацистите.

Обама пристигна во Франција од Германија, каде со германската канцеларка Ангела Меркел и нобеловецот Ели Визел го посети некогашниот нацистички концентрационен логор Букенвалд, во кој и самиот Визел бил заробен како дете. Обама рече дека логорот, каде загинаа 56.000 луѓе, е „основен прекор“ за оние кои го негираат холокаустот.

Американскиот претседател турнејата по Европа и Блискиот Исток ја започна во Ријад, Саудиска Арабија. Во главниот египетски град Каиро, пак, американскиот претседател повика “на нов почеток“ во односите меѓу САД и муслиманите ширум светот.

XS
SM
MD
LG