Линкови за пристапност

Обама во Германија: оддава почит на мртвите; зборува за Блискиот Исток


Американскиот претседател Барак Обама за време на посетата на Германија им оддаде почит на жртвите од Втората светска војна, а со државната канцеларка Ангела Меркел разговараше за мирот на Блискиот Исток.

По посетата на концентрациониот камп Букенвалд, каде нацистите убиле околу 56.000 лица, Обама истакна дека ги видел печките на крематориумот и бараките каде затворениците биле држени во, како што ги нарече, „незамисливи услови“. Тој истакна и дека местото на настанот не го загубило својот „ужас“ и покрај тоа што поминало многу време. Американскиот претседател додаде и дека не е намалена сочувствителноста и лутината за она што се случило во минатото.

Претходно, во Дрезден, претседателот Обама говореше за шансите за мир на Блискиот Исток. Фокусирајќи се на израелско-палестинскиот конфликт, тој истакна дека „токму сега е моментот“ да се изврши притисок за постигнување на мировен договор и дека годинава може да биде постигнат сериозен напредок по ова прашање. Обама, заедно со својот домаќин, канцеларката Меркел, ветија поддршка за креирање на палестинска држава.

На средбата станало збор и за Иран и за светската економија.

XS
SM
MD
LG