Линкови за пристапност

Обама сугерираше Ахмединеџад да го посети Букенвалд


Американскиот претседател Барак Обама сугерираше иранскиот претседател Махмуд Ахмединеџад да го посети некогашниот нацистички концентрационен логор Букенвалд. Пред самиот да го посети логорот во рамки на европската турнеја, Обама за Ен-Би-Си кажа дека Ахмадинеџад „самиот треба да дојде во посета“. Тој додаде дека „нема трпение за луѓе кои ја негираат историјата, а историјата за Холокаустот не е нешто шпекулативно“.

Ахмединеџад на неколкупати има изразено сомневање дали нацистите навистина убиле околу шест милиони Евреи за време на Втората светска војна. Претходно неделава, холокаустот го нарече – „голема измама“.

Во април, дипломати во знак на протест го напуштија излагањето на Ахмадинеџад на Конференцијата на ОН против расизмот, затоа што тој го окарактеризира еврејското страдање како изговор за создавање на Израел.

XS
SM
MD
LG