Бразилските власти соопштија дека остатоците, за кои се претпоставуваше дека припаѓаат на урнатиот авион на „Ер Франс“, се само обичен океански отпад. Рамон Кардосо, бригадир во бразилската авијација, изјави дека засега не се отриени остатоци што припаѓаат на авионот, но дека екипи продолжуваат со потрагата по водите севеоисточно од Бразил, каде во понеделникот се урна авионот што леташе од Рио де Жанеиро до Париз со 228 патници и членови на екипажот.
Истражителите и натаму не знаат што ја причинило несреќата. Надлежните се обидуваат да утврдат дали авионот летал пребрзо или преспоро во услови на тропска бура.
Компанијата „Ербас“, која го произведе авионот, ги советуваше пилотите на ваков вид летала да ги следат стандадните процедури доколку се посомневаат дека нешто не е во ред со индикаторите на летот. Компанијата даде ваков совет откако истражителите соопштија дека автоматските пораки што биле испратени од опремата на паднатиот авион не се конзистентни на брзината со која се движел.