Лос Анџелес Лејкерс ги декласираа Орландо Меџик со 100-75 во првиот натпревар од серијата „најдобар од седум“ во финалето на НБА.
Во третата четврина, Лејкерс целосно ги надминаа Орландо, постигнувајќи 29, а примајќи само 15 поени.
Коби Брајант постигна 40 поени и имаше осум скока и исто толку асистенции. Тој е очигледно жеден за нов трофеј - последен ја освои шампионската титула во 2002-та со Шекил О` Нил. Тренерот на Лејкерс, Фил Џексон има девет шампионски прстени. Лејкерс имаат вкупно 14 титули во НБА.
Орландо немаат освоено шампионат и ова е по првпат да настапат во финале на НБА од 1995-та.